ПРВ.мк
Црна Хроника

Тажна вест: Познатиот водител почина по сообраќајна несреќа

Тажна вест: Познатиот водител почина по сообраќајна несреќа

Познатиот режисер и водител Слободан Ѓукиќ почина на 76-годишна возраст од последици на сообраќајна несреќа.

Тажната вест ја соопштило неговото семејство, а ја потврдил и Радио-телевизија Србија.

Ѓукиќ најголемиот дел од својата професионална кариера го поминал во Радио Белград, каде работел како автор, уредник и водител на познатата емисија „Филм“.

Во текот на кариерата бил и долгогодишен помошник на главниот уредник на Првата програма на Радио Белград, како и уредник на Забавно-хумористичката редакција.

Како режисер стоел зад голем број емисии, меѓу кои „Мозаик времена“, јавните снимања на „Караван“, серијалот „Даровница“ и „Радио који се види“.

Слободан Ѓукиќ бил и идеен творец и уредник на ноќната програма на Радио Белград 1.

Режија завршил на Факултетот за драмски уметности во Белград, а во еден период работел и како режисер во Радио Сараево. Бил и професор во гимназија.

Терминот и местото на погребот ќе бидат дополнително соопштени.