ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО УБИЛ ОЗЛОГЛАСЕНИОТ БРИТАНСКИ УБИЕЦ НА ДЕЦА: Сега повторно е осуден на доживотен затвор

ГО УБИЛ ОЗЛОГЛАСЕНИОТ БРИТАНСКИ УБИЕЦ НА ДЕЦА: Сега повторно е осуден на доживотен затвор

Британскиот затвореник Ентони Расел (44) е осуден на втора казна доживотен затвор без можност за условно ослободување, откако пред судот во Њукасл го призна убиството на 52-годишниот Ијан Хантли.

Расел веќе издржувал доживотна затворска казна поради три убиства, а новото кривично дело го извршил во затворот со висок степен на обезбедување „Френкленд“ во Дурам.

Хантли издржувал доживотна казна за убиството на десетгодишните пријателки Холи Велс и Џесика Чепмен во Сохам во 2002 година. Злосторството тогаш ја потресе британската јавност.

По нападот во затворот во февруари годинава, Хантли бил хоспитализиран со тешки повреди на мозокот. Тој не се освестил, а починал на 7 март.

Според информациите изнесени пред судот, меѓу двајцата затвореници подолго време постоеле тензии, за кои било запознаено и затворското обезбедување.

Адвокатот на Расел, Тајрон Смит, изјавил дека неговиот клиент не чувствува каење за извршеното убиство, но им се извинил на лицата кои биле сведоци на нападот и морале да се справат со неговите последици.

Расел претходно, во март 2022 година, бил осуден на доживотен затвор за три убиства извршени во октомври 2020 година. Меѓу неговите жртви имало и бремена жена.

При изрекувањето на новата пресуда, судијата нагласил дека станува збор за убиство со предумисла и дека непријателството меѓу затворениците не ја намалува тежината на злосторството.

„Никогаш нема да бидете пуштени на слобода“, му порача судијата на Расел.