ПРВ.мк
Свет

СМРТНА КАЗНА ЗА ШПИОНАЖА: Државен службеник паднал во стапицата на странска агентка и оддавал државни тајни

СМРТНА КАЗНА ЗА ШПИОНАЖА: Државен службеник паднал во стапицата на странска агентка и оддавал државни тајни

Кинеските власти осудиле на смрт државен службеник поради оддавање државни тајни на странска разузнавачка служба, за што наводно добил околу 137.000 евра.

Службеникот, идентификуван само по презимето Ма, бил регрутиран додека престојувал во странство, според извештај објавен на профил на социјалните мрежи под надзор на кинеската Национална управа за заштита на државните тајни.

Таму запознал жена по име Кајлин, која тврдела дека сака да го научи кинескиот јазик. Според кинеските власти, таа всушност била припадничка на странска разузнавачка служба.

Службеникот подоцна бил изложен на уцени и закани, по што се согласил да соработува со странската служба и почнал да добива редовни месечни исплати.

По враќањето во Кина, Ма наводно доставил повеќе од 100 разузнавачки извештаи, од кои 35 содржеле информации што подоцна биле класифицирани како државни тајни.

За својата соработка добил повеќе од еден милион кинески јуани, односно околу 137.000 евра.

Судот му изрекол смртна казна и наредил конфискација на целокупниот негов личен имот.

Сепак, во официјалната објава не се наведува кога и каде била донесена пресудата, дали смртната казна веќе е извршена, ниту за која странска држава работел службеникот.

Кинеските власти го искористија случајот како предупредување до државните службеници за опасностите од странската шпионажа, посочувајќи дека разузнавачките служби користат емотивни врски, финансиски интереси и закани за регрутирање соработници.