ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Тинејџер го загуби животот во село Тимјаник - ова се деталите!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Тинејџер го загуби животот во село Тимјаник - ова се деталите!
Kristal

Трагична сообраќајна несреќа се случи по полноќ во село Тимјаник, во близина на Неготино, при што животот го загуби 17-годишно момче.

Како што информираат од ОВР Неготино, несреќата била пријавена на 20 декември 2025 година, околу 00:50 часот. Малолетникот управувал мопед марка „Лонгија“ со неготински регистарски таблички, кога поради сè уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во бетонски столб.

Од здобиените тешки повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Неготино.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полициска увидна екипа, а по наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точните причини за смртта.

FixCredit
Escape