Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила во текот на ноќта во близина на струмичкото село Секирник.
Според информациите од полицијата, околу 1:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на влезот во селото патничко возило „Ренџ Ровер“, со струмички регистарски ознаки, удрило во пешак.
Возилото го управувало 39-годишно лице, додека пешакот бил 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник.
Од здобиените повреди, пешакот починал на самото место на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Струмица.
По несреќата, возачот на „Ренџ Роверот“ бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица.
На местото на трагичниот настан бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица, кои работат на утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.







