ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ ВО СКОПСКО СЕЛО: Маж ја влечел мајка си со возило низ улица - еве каква казна му се заканува!

СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ ВО СКОПСКО СЕЛО: Маж ја влечел мајка си со возило низ улица - еве каква казна му се заканува!

24-годишен жител на скопско село е лишен од слобода откако се сомничи дека со автомобил ја повредил сопствената мајка, влечејќи ја околу 20 метри.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 јули 2026 година околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Д. (24) во село во општина Петровец.

Како што соопштува МВР, тој се сомничи дека околу 18:50 часот, управувајќи автомобил „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото на настанот.

Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести