ПРВ.мк
Црна Хроника

Средба во центарот на Скопје завршила со напад и грабеж: Полицијата трага по сторителот

Средба во центарот на Скопје завршила со напад и грабеж: Полицијата трага по сторителот

Триесет и седумгодишна државјанка на Венецуела пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена во апартман во центарот на Скопје, објави Скопје1.мк.

Според пријавата поднесена во Полициската станица Центар, инцидентот се случил околу три часот по полноќ.

Жената навела дека претходно телефонски договорила средба со маж, по што се сретнале во апартман во централното градско подрачје.

Според нејзината пријава, таму физички ја нападнал Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон, а потоа ѝ одзел два мобилни телефона.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.