ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент во семеен дом: Ја нападнала свекрвата, а свекорот го погодила со фрлен нож

Инцидент во семеен дом: Ја нападнала свекрвата, а свекорот го погодила со фрлен нож

Дваесет и тригодишна жена од Македонска Каменица била приведена по сериозен семеен инцидент во кој, според пријавеното во полиција, физички ја нападнала својата свекрва, а кон свекорот фрлила нож и го погодила во ногата.

Од МВР информираат дека жената била лишена од слобода на 27 август во 21:35 часот од полициски службеници од ПО Македонска Каменица.

Според пријавата, на инцидентот му претходела расправија меѓу 23-годишната жена и нејзиниот сопруг во семејниот дом.

По расправијата, таа наводно физички ја нападнала свекрвата, а потоа фрлила нож кон свекорот, при што го погодила во ногата. Во продолжение на конфликтот, според полициските информации, свекорот ја удрил 23-годишната жена со тврд предмет.

Полицијата работи на целосно утврдување на околностите и по документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.