Во тек е спасувачка акција на планината Пелистер, во близина на Мало Езеро, откако било повредено лице кое се наоѓало на теренот.
Според првичните информации, лицето е успешно лоцирано, а на местото веќе му била укажана прва медицинска помош.
Во акцијата се вклучени повеќе надлежни служби. Во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), екипи од Националниот парк „Пелистер“ и Итната медицинска помош од Битола, се работи на безбедно извлекување на повреденото лице.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите, а спасувачките екипи продолжуваат со интервенцијата на теренот.








