ПРВ.мк
Спорт

МАКЕДОНИЈА ИМА ПРЕТСТАВНИК НА ЕП: Ивановски го освои 46-то место во Бирмингем - ова е неговиот резултат!

МАКЕДОНИЈА ИМА ПРЕТСТАВНИК НА ЕП: Ивановски го освои 46-то место во Бирмингем - ова е неговиот резултат!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши настапот на Европското првенство во Бирмингем, каде во маратонската трка го освои 46. место во исклучително силна конкуренција.

Ивановски ја мина целта со време од 2 часа, 22 минути и 39 секунди, што беше за 13 минути и 28 секунди послабо од времето на новиот европски шампион, Аманал Петрос од Германија.

Македонскиот маратонец трката ја започна сигурно и во првите километри се движеше во средината на главната група. Сепак, во периодот меѓу 15-тиот и 20-тиот километар почувствувал пад во ритамот, поради што загубил околу 20 позиции.

На полумаратонот, односно на 21-виот километар, Ивановски имал време од 1:09:28 часот.

Во вториот дел од маратонот македонскиот атлетичар успеал повторно да го пронајде својот ритам. Постепено почнал да враќа позиции и со стабилно темпо стигнал до самата завршница.

Трката се одвивала во исклучително тешки услови, што дополнително ја отежнало борбата за висок пласман.

Од вкупно 60 пријавени атлетичари, 52 успеале да ја завршат трката, седуммина се откажале, а еден воопшто не се појавил на стартот.