Инцидент со експлозија се случил во раните утрински часови во скопската населба Бардовци, при што е причинета материјална штета на семеен дом и имотот околу него.
Според информациите од СВР Скопје, на 16 август околу 02:35 часот, 70-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека кон неговиот дом во Бардовци бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија.
Од силната детонација биле оштетени скалите на влезот од куќата, а бил скршен и прозорец. Оштетувања биле регистрирани и на патничко возило, портата и други делови од имотот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.








