Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, во која тешко е повреден 20-годишен мотоциклист.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 23 септември околу 11:15 часот. Во неа учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Љ.Ј. од Скопје, и мопед, исто така со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 20-годишниот А.Б. од Сопиште.
Во судирот, младиот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што биле констатирани повредите.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје.









