Почина Хуснија Хашимовиќ, актерот кој генерации гледачи го паметат како Мерџан од култниот филм „Дом за бесење“ на Емир Кустурица. Хашимовиќ починал на 22 септември во Франција, каде што живеел во последните неколку децении.
Во филмот од 1988 година тој го толкуваше ликот на Мерџан, вујкото на Перхан. Иако зад себе немаше голем број филмски улоги, токму оваа остана длабоко врежана во сеќавањето на публиката.
Мерџан беше прикажан како груб, непредвидлив, но истовремено и комичен лик, а изведбата на Хашимовиќ стана еден од препознатливите сегменти на филмот.
„Дом за бесење“ со текот на годините прерасна во едно од најпознатите филмски остварувања од поранешна Југославија на меѓународната сцена.
Хашимовиќ е роден на 19 септември 1961 година. По успехот на филмот се преселил во Франција и ретко се појавувал во јавноста, поради што за неговиот подоцнежен живот има малку јавно достапни информации.
Почина на 65-годишна возраст, а публиката ќе го памети пред сè по незаборавниот лик на Мерџан.









