Непозната жена која управувала електричен тротинет удрила пешак во центарот на Скопје, по што го напуштила местото на настанот. Повредената жена била пренесена во болница, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 септември во 06:40 часот од ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Станува збор за 31-годишната Е.Д.С. од населбата Илинден. Според пријавеното, таа се движела на булеварот „Кочо Рацин“ кога во неа удрил електричен тротинет управуван од женско лице.
По ударот, жената која го управувала тротинетот не останала на местото, туку заминала.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, како и за целосно расчистување на случајот.









