Турскиот државјанин Д.Х. (77) починал вчера попладне во џамијата во селото Жировница, откако ненадејно му се влошила здравствената состојба. На местото на настанот интервенирала медицинска екипа од Здравствениот дом во Ростуше, но и покрај укажаната итна помош, 77-годишниот маж починал, по што била констатирана смрт.
Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар во 14:30 часот. По наредба на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, телото на починатиот било дадено на обдукција, додека увидна екипа извршила увид на местото каде што се случил инцидентот.







