ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопје во шок: Смрт на позната личност со долга кариера – деталите се морничави

Скопје во шок: Смрт на позната личност со долга кариера – деталите се морничави
Kristal

Денеска Скопје го потресе трагична вест – животот го загуби Јорго Ќуќа, поранешен директор на индустрискиот гигант ОХИС и еден од познатите македонски стопанственици.

Несреќата се случила попладнево на булеварот „Илинден“ во главниот град, кога автомобил удрил во велосипед управуван од машко лице. Од ударот, Ќуќа бил тешко повреден, а и покрај обидите на лекарите да му помогнат, подоцна им подлегнал на повредите.

Според првичните информации од полицијата, возачот кој го удрил велосипедистот го напуштил местото на несреќата, но бил брзо пронајден и уапсен од страна на службите на Министерството за внатрешни работи.

Јорго Ќуќа беше долгогодишен директор на ОХИС, човек кој остави силен белег во македонската индустрија и стопанство. Неговата смрт предизвика голема тага меѓу колегите и пријателите, кои велат дека Македонија изгуби еден од највредните и најпожртвувани економски лидери.

Escape