ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ: Ја уценувал со експлицитни фотографии, барал пари и сексуален однос

СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ: Ја уценувал со експлицитни фотографии, барал пари и сексуален однос

Полициски службеници од СВР Скопје привеле 36-годишен скопјанец по пријава дека уценувал жена со експлицитни фотографии, барајќи од неа пари и сексуален однос.

Според пријавата, 29-годишната жена навела дека мажот ѝ се заканувал дека ќе испрати нејзини интимни фотографии на членовите на нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања.

Осомничениот бил лишен од слобода на 5 ноември 2026 година, во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршувањето на постапката, против 36-годишниот скопјанец ќе следува соодветен поднесок.