ПРВ.мк
Црна Хроника

СИРИЈА НА НОЗЕ: Војската напредува - САД издаде итно предупредување!

СИРИЈА НА НОЗЕ: Војската напредува -  САД издаде итно предупредување!
Kristal

Сириската војска продолжи да напредува на територии претходно под контрола на Курдите, и покрај повиците од САД да ја стопира офанзивата на северот на земјата. Државните медиуми јавија дека биле заземени северниот град Табка и блиските стратешки брани, вклучително и брана „Слобода“, западно од Рака.

Курдските власти засега не ги потврдиле овие информации и не е јасно дали борбите се уште траат. Судирите се фокусирани околу стратешки позиции и нафтени полиња долж реката Еуфрат. Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, соопштија дека делумно се повлекле како гест на добра волја, но ги обвинија сириските сили за кршење на договорот преку новото напредување.

Командантот на американската Централна команда (CENTCOM), Бред Купер, повика на запирање на офанзивата меѓу Алепо и Табка. Во градот Деир Хафир, каде претежно живее арапско население, жителите го поздравиле влегувањето на сириската војска. Сириската нафтена компанија соопшти дека биле преземени нафтените полиња Расафа и Суфјан.

Според изјави на сириската војска, загинале четворица нејзини припадници, додека СДФ потврди загуби во своите редови, без да наведе конкретни бројки.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo