Шест турски државјани на возраст од 22 до 25 години биле приведени вчера во скопската општина Аеродром. Според МВР, при полициската контрола било утврдено дека сите шестмина имале нерегулиран престој во државата.
Контролата ја спровеле полициски службеници од СВР Скопје меѓу 10 и 12 часот, во рамките на ноемврискиот план за проверка на пријавувањето и одјавувањето на престојот.
Од МВР соопштија дека по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.









