ПРВ.мк
Црна Хроника

ОГНЕНА СТИХИЈА НА АВТОПАТ: Десетици загинати, на терен испратени 39 возила на Итната помош

ОГНЕНА СТИХИЈА НА АВТОПАТ: Десетици загинати, на терен испратени 39 возила на Итната помош

Најмалку 30 лица загинаа, а уште 15 се повредени во голем пожар што избувна по сообраќајна несреќа на цистерна со нафтени деривати во египетската провинција Гиза, соопшти Министерството за здравство на Египет.

Трагедијата се случила во близина на обиколницата околу Каиро, во населбата Варак, каде што огнената стихија зафатила и други возила.

Според информациите на египетското Министерство за нафта, цистерната, која била во приватна сопственост, излетала од патот, по што дошло до експлозија и избувнување на голем пожар.

На местото на несреќата биле испратени 39 возила на Итната медицинска помош, а повредените биле транспортирани во три болници.

Во спасувачката операција се вклучиле и екипи на египетската Црвена полумесечина, кои им пружале поддршка на службите за цивилна заштита, пожарникарите и медицинските тимови.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледаат возила зафатени од пламен, додека над местото на несреќата се издигаат густи облаци од црн чад.

Од египетското Министерство за здравство нагласуваат дека бројот на загинати е прелиминарен, а надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата и да им пружаат медицинска помош на повредените.