ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Крадци упаднале во кралската резиденција на принцот Вилијам и Кејт

СКАНДАЛ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Крадци упаднале во кралската резиденција на принцот Вилијам и Кејт

Двајца албански државјани се појавија пред судот во Норич, Велика Британија, под обвинение за провала и незаконско влегување во заштитен имот на британското кралско семејство.

Станува збор за резиденцијата „Анмер Хол“, која се наоѓа на кралскиот имот Сандрингем во Норфолк и ја користат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Според обвинението, осомничените незаконски влегле во резиденцијата, од каде што наводно украле манжетни и часовник, чија вредност засега не е позната.

Полицијата била алармирана по пријава за сомнителни активности на кралскиот имот, по што започнала голема потрага во која биле ангажирани полициски кучиња, дронови и хеликоптер.

Двајцата осомничени биле приведени, додека по трето лице сè уште се трага.

За време на инцидентот, принцот Вилијам и принцезата Кејт не се наоѓале во резиденцијата, туку биле во својот дом во Виндзор заедно со децата.

Судската постапка е во тек, а обвинетите се сметаат за невини до евентуална правосилна пресуда.