ПРВ.мк
Свет

ВОЈСКАТА АКТИВИРАШЕ ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ТОНИ ЕКСПЛОЗИВ: На населението му беше наредено да остане во домовите

ВОЈСКАТА АКТИВИРАШЕ ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ТОНИ ЕКСПЛОЗИВ: На населението му беше наредено да остане во домовите

Американската војска изврши контролирана детонација на повеќе од четири тони нестабилен оловен азид во воен комплекс во Мидлтаун, во сојузната држава Ајова, предизвикувајќи загриженост кај населението поради можноста за ширење токсични честички.

Пред детонацијата, жителите добиле предупредување на своите мобилни телефони од Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА).

„Евакуацијата повеќе не е безбедна ниту препорачлива“, стоело во пораката, со која граѓаните биле повикани веднаш да се засолнат во затворени простории.

Дел од жителите ги затворале прозорците со даски, додека мерки на претпазливост презеле и граѓани од околните градови и соседните сојузни држави.

Опасност од загадување на земјоделското земјиште

Според проценките до кои дошол „Њујорк тајмс“, доколку детонацијата не била успешно изведена, токсичните честички од олово би можеле да се прошират на повеќе од 388 квадратни километри земјоделско земјиште.

Особено загрижува фактот што изложеноста на олово претставува сериозен здравствен ризик, пред сè за децата и бремените жени.

Екипи на американската Агенција за заштита на животната средина земале примероци од воздухот и почвата за да утврдат дали дошло до загадување.

Воените претставници тврдат дека контролираната детонација била неопходна поради опасноста од неконтролирана експлозија на материјалот, кој со децении бил складиран.

Одлуката предизвика и остри реакции од локалните политичари, кои побараа одговорност и објаснување за настанатата ситуација.

Засега нема потврдени информации за размерите на евентуалното загадување.