ПРВ.мк
Свет

ШТО ИМА ВО МИСТЕРИОЗНИОТ КУФЕР? Американски воен хеликоптер од Приштина слета во Белград

ШТО ИМА ВО МИСТЕРИОЗНИОТ КУФЕР? Американски воен хеликоптер од Приштина слета во Белград

Американски воен хеликоптер „Блек хок“, кој според српските медиуми полетал од Приштина и пристигнал во Белград, предизвика големо внимание во српската јавност поради неофицијалните информации за неговите патници и товарот што го превезувал.

Како што објави српскиот портал „Директно“, летот бил регистриран на платформата за следење воздушен сообраќај „Флајтрадар24“.

Според неофицијалните сознанија на порталот, во хеликоптерот наводно се наоѓале неколку припадници на американските разузнавачки служби, а по пристигнувањето во Белград од него бил изнесен и куфер со непозната содржина.

Дали станува збор за соработка меѓу американските и српските служби?

Српските медиуми го поврзуваат необичниот лет со актуелните политички промени во земјата, но и со можноста за интензивирање на соработката меѓу американските и српските служби во борбата против организираниот криминал.

Во изминатите денови во Србија се појавија повеќе информации за закани, уцени и обиди за изнудување пари од граѓани и стопанственици, зад кои наводно стојат регионални криминални структури.

Сепак, засега нема докази дека пристигнувањето на американскиот хеликоптер е поврзано со овие случаи.

Српските власти не објавиле официјални информации за причината за летот, идентитетот на патниците или наводниот мистериозен куфер, поради што овие информации остануваат непотврдени.