ПРВ.мк
Магазин

НАСА НАМЕРНО УДРИ ВО АСТЕРОИД! Четири години подоцна, што открија научниците на местото на ударот?

НАСА НАМЕРНО УДРИ ВО АСТЕРОИД! Четири години подоцна, што открија научниците на местото на ударот?

На површината на Диморфос, астероид широк околу 150 метри, се протега кратер со големина на стадион. Го остави леталото ДАРТ на НАСА, кое во 2022 година намерно удри во астероидот со брзина од околу 22.000 километри на час. Четири години подоцна, европското летало „Хера“ го истражува местото на судирот. Според планетарната научничка Сабина Радукан, кратерот е речиси широк колку самиот Диморфос, пренесува Би-Би-Си.

Диморфос не претставувал опасност за Земјата. Научниците го избрале затоа што кружи околу поголем астероид, Дидимос. Тоа им овозможило да го измерат ефектот од ударот со споредба на времето потребно за еден круг. Пред судирот, Диморфос го обиколувал Дидимос за 11 часа и 55 минути. По ударот, кругот траел околу 33 минути пократко. Зад астероидот се протегала и трага од исфрлен материјал долга околу 10.000 километри.

Се променил и начинот на кој Диморфос се врти. Пред ударот, додека кружел околу Дидимос, кон него секогаш ја држел свртена истата страна, слично како Месечината кон Земјата. Сега се превртува додека се движи по орбитата. Радукан го споредува тоа движење со буре што се тркала по скали.

Следната задача на „Хера“ е да ја измери масата на Диморфос. Заедно со веќе измерената промена на орбитата, тој податок ќе им помогне на научниците попрецизно да проценат колкав ефект имал ударот. Ако еден ден откријат астероид што се движи кон Земјата, ќе треба да знаат колку масивно летало да испратат, со која брзина и колку рано да го насочат кон него за навреме да му ја променат патеката.