ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна драма: Пијан маж фрлал предмети кон сопругата и се заканувал на малолетната ќерка

Семејна драма: Пијан маж фрлал предмети кон сопругата и се заканувал на малолетната ќерка

Вистинска семејна драма се случила по полноќ во Кавадарци, каде полицијата привела 37-годишен маж откако агресивно се однесувал во семејниот дом, фрлал предмети кон сопругата и им се заканувал нејзе и на нивната малолетна ќерка.

Според информациите од МВР, на 7 септември 2026 година во 01:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Г. (37), постапувајќи по претходна пријава.

Како што било пријавено, 37-годишникот во домот во Кавадарци агресивно се однесувал и фрлал предмети кон својата 31-годишна сопруга. Воедно, упатувал закани кон неа и кон нивната малолетна ќерка.

По преземените мерки и проверки, полицијата утврдила дека мажот бил под силно дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта.

Кавадарчанецот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.