Тело на младо момче било пронајдено во близина на кочанското село Пишица, а според неофицијални информации, станува збор за момче на возраст од околу 17 години од селото Соколарци.
Телото било пронајдено вчера во атарот на селото, по што на местото биле преземени соодветни мерки и активности од надлежните служби.
Засега нема официјална потврда од институциите за идентитетот на починатото лице, ниту се познати околностите под кои настапила смртта.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.







