Дваесет и двегодишен жител на Неготино бил лишен од слобода откако кај него била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот се случил вчера, околу 00:15 часот, во Неготино, кога полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т.Т. (22). При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По наредба од Основниот суд Кавадарци, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис.
Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








