ПРВ.мк
Црна Хроника

Приведен 40-годишник: Со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

Приведен 40-годишник: Со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

Полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј. (40) од Пробиштип, откако бил пријавен дека со закани во два наврати изнудил пари од 18-годишна девојка од истиот град.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 7 јули во 22:25 часот, по претходно добиена пријава од оштетената.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полицијата продолжува со преземање на сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот