Пензионерите во Албанија од месец јули добиваат повисоки пензии, откако Владата одобри редовно усогласување на пензиите во висина од 2,7 проценти. Со оваа мерка се опфатени повеќе од 900.000 корисници на старосни, инвалидски и други видови пензии.
Според албанската министерка за економија и иновации, Делина Ибрахимај, зголемувањето е воведено со цел да се зачува куповната моќ на пензионерите во услови на повисоки трошоци за живот и инфлација.
Со новата индексација, просечната градска старосна пензија ќе се зголеми за околу 543 леки месечно, додека повисоки примања ќе добијат и корисниците на инвалидски и други социјални пензии.
Албанските власти посочуваат дека со ова повторно се враќа редовниот модел на годишно усогласување на пензиите. Во претходните години, поради енергетската криза, пензиите се зголемуваа во различни периоди од годината, а сега индексацијата повторно започнува од 1 јули.
Покрај зголемувањето од 2,7 проценти, Владата најави и еднократен летен бонус од 5.000 леки за околу 777.000 пензионери, како дополнителна поддршка за справување со растечките животни трошоци








