ПРВ.мк
Црна Хроника

АЛАРМ ДО РОДИТЕЛИТЕ: Мајка ја потопила куклата во вода – тоа што се појавило ја оставило без зборови

АЛАРМ ДО РОДИТЕЛИТЕ: Мајка ја потопила куклата во вода – тоа што се појавило ја оставило без зборови

Популарните LOL кукли повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако на социјалните мрежи се проширија видеа во кои родители покажуваат дека при потопување на одредени модели во ладна вода на нивните тела се појавуваат скриени дезени.

На снимките што станаа вирални на TikTok се гледа како на некои кукли се појавуваат мрежести чорапи, тетоважи, подвезици и темна долна облека, иако пред потопувањето изгледаат како обични детски играчки.

Видеата предизвикаа бројни реакции кај родителите, од кои дел изразија незадоволство и загриженост.

„Не можев да поверувам што видов“, „Зошто вакви детали се кријат во детски играчки?“ и „Треба производителот да даде објаснување“, се само дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

Сепак, важно е да се напомене дека ваквите реакции се однесуваат на одредени модели на LOL кукли што циркулираат во видеата, а не на целата линија производи. Пред потопување во вода, куклите изгледаат сосема вообичаено и се облечени во шарена детска облека.

Контроверзијата повторно ја отвори дебатата за дизајнот на детските играчки и за тоа дали ваквите скриени визуелни елементи се соодветни за најмладите.