ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕТРЕСИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Полицијата заплени бела прашкаста материја, марихуана и хашиш - еве колку лица се приведени!

ПРЕТРЕСИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Полицијата заплени бела прашкаста материја, марихуана и хашиш - еве колку лица се приведени!

Во рамките на засилените полициски мерки за сузбивање на криминалите поврзани со недозволена трговија со дрога, полициски службеници од СВР Тетово вчера, на 31 јули 2026 година, извршија серии успешни претреси на неколку локации во Тетово и околните села, при што се пронајдени наркотични супстанции и се лишени од слобода три лица.

Првата акција била реализирана во 16:30 часот, кога врз основа на претходно обезбедена судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај 36-годишниот Л.М. во Тетово. При претресот полицијата пронашла и одземено кеса со бела прашкаста материја.

Само неколку часа подоцна, во 18:00 часот, полициските службеници извршиле втор претрес во дом и помошни простории кај 37-годишниот Р.Т. во тетовското село Требош, каде што пронајле и одзеле марихуана.

Третата успешна интервенција се случила во 19:00 часот во селото Доброште, каде што по судска наредба бил извршен претрес во домот на 41-годишниот Н.А. При оваа контрола, полицијата пронашла и одземени поголеми количества марихуана и хашиш.

Тројцата осомничени се лишени од слобода и задржани во полициска станица. Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на сите три случаи, против нив ќе бидат поднесени соодветни правни поднесоци до надлежното обвинителство.

Најнови вести