Педесет и седумгодишен жител на Гостиварско ќе одговара кривично поради сомнение дека во повеќе наврати демнел, вознемирувал и ѝ се заканувал на 49-годишна жена од Гостивар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Р.Џ. (57), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“.
Според информациите наведени во полицискиот билтен, пријавениот во повеќе наврати ја следел и вознемирувал 49-годишната сограѓанка.
Притоа, како што информира полицијата, тој ѝ упатувал и закани.
По документирањето на случајот, против 57-годишникот е поднесена кривична пријава и за случајот ќе постапуваат надлежните органи.









