Трагична вест утрово го потресе Тетово и македонската фудбалска јавност. Во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски.
Николовски фудбалските почетоци ги имал во младинските категории на ФК Тетекс, а подоцна бил дел и од сениорскиот состав на тетовскиот клуб.

Од Тетекс со емотивна порака се простија од младиот фудбалер, нагласувајќи дека тој засекогаш ќе остане дел од клубот.
„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од ФК Тетекс.
Од клубот упатија најдлабоко сочувство до семејството, најблиските, пријателите и сите кои го познавале Даниел.









