ПРВ.мк
Македонија

Невреме утрово зафати делови од Македонија: Облачната маса се движи кон исток

Невреме утрово зафати делови од Македонија: Облачната маса се движи кон исток

Нестабилна облачна маса утрово зафати делови од западна и југозападна Македонија, носејќи врнежи од дожд, повремени грмежи и засилен ветер.

Според мапата на УХМР, облачната маса се движи од запад кон исток, поради што во текот на денот нестабилното време може да се прошири и кон други делови од земјава.

Во подрачјата зафатени од нестабилноста локално се можни поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер, а временските услови може да се менуваат во краток временски период.

Граѓаните се советуваат на зголемена внимателност при престој на отворено и при патување, особено во регионите кон кои се движи облачната маса.

Според информациите, нестабилноста продолжува да се шири кон источните и југоисточните делови од Македонија.