ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН: Пронајдена почината 45-годишна жена - еве во што се сомневаат!

ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН: Пронајдена почината 45-годишна жена - еве во што се сомневаат!

Четириесет и петгодишна жена од Скопје синоќа била пронајдена почината во стан во скопската населба Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 8 август, околу 20:30 часот, во СВР Скопје.

На местото на настанот екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај Е.Д. (45) од Скопје.

По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините и околностите за смртта.