ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина тинејџерот повреден во несреќата со џипот на пратеникот од Левица - ова се деталите

Почина тинејџерот повреден во несреќата со џипот на пратеникот од Левица - ова се деталите

Тагата повторно ја потресе јавноста – 16-годишното момче од Идризово, кое беше тешко повредено во сообраќајката на 14 септември во која учествуваше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, им подлегна на повредите.

Од семејството за Канал 5 потврдија дека детето, кое со мотоцикл се судри со џипот „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски таблички, управуван од Јанчев, починало по неколкунеделна битка за живот.

Несреќата се случила во селото Марино, општина Илинден. Во судирот, освен малолетниот возач, тешко била повредена и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди добиле пратеникот и неговиот сопатник од Вевчани.

По несреќата, увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, Јанчев бил приведен во полиција поради сомнение за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот“.

По завршување на истрагата, обвинителството треба да донесе одлука за понатамошното постапување во случајот што ја потресе целата земја.

Извор: Канал5

Escape