Дваесет и петгодишна жена била физички нападната и насилно одведена од нејзиниот поранешен невенчан сопруг, кој според полицијата еден ден претходно побегнал од Затвор Струмица.
Случајот бил пријавен на 6 октомври околу 22:50 часот во СВР Скопје.
Според пријавата поднесена од Ш.С., нејзината 25-годишна ќерка била пресретната на подрачјето на Шуто Оризари од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К. (25).
Во пријавата се наведува дека тој физички ја нападнал младата жена, при што употребил и тврд предмет.
По нападот, според пријавеното, 25-годишникот насилно ја зел жената со себе и се оддалечил од местото.
Од Министерството за внатрешни работи дополнително информираат дека Е.К. претходниот ден побегнал од Затвор Струмица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите







