ПРВ.мк
Црна Хроника

ОПАСНИ ГУМЕНИ БОМБОНИ: Еден починат, уште две лица завршиле во болница

ОПАСНИ ГУМЕНИ БОМБОНИ: Еден починат, уште две лица завршиле во болница

Неколку лица во Берлин претрпеле сериозно труење по консумирање гумени бомбони за кои постои сомнение дека содржеле ТХЦ и засега неидентификувана опасна супстанца. Еден 42-годишен маж починал, а германските здравствени власти издале предупредување.

Според информациите што ги објави „Билд“, властите истражуваат три случаи за кои постои сомнение дека се меѓусебно поврзани.

Најтешкиот случај бил регистриран на 22 септември во Берлин, кога службите за итна помош пронашле 42-годишен маж во срцев застој. И покрај обидите за реанимација, тој починал. Постојат индиции дека пред смртта консумирал од спорните гумени бомбони.

Неколку дена претходно, на 18 септември, биле регистрирани уште два случаи. Станува збор за 30-годишна жена која била пронајдена во бессознание и 40-годишен маж со слични симптоми. Двајцата биле пренесени во болница.

Според здравствените власти, кај затруените била забележана клиничка слика која наликува на опиоидно труење. Симптомите можат да вклучуваат конфузија, губење на свеста и забавено и плитко дишење, а во најтешките случаи и прекин на дишењето.

Точната супстанца што го предизвикала труењето сè уште не е утврдена. Двајцата преживеани пациенти, според објавените информации, биле третирани со налоксон – лек што се користи за поништување на ефектите од опиоиди.

Истрагата продолжува, а надлежните треба да утврдат што точно содржеле спорните гумени бомбони и дали тие се директно поврзани со смртниот случај.