ПРВ.мк
Балкан

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈА: Во стан пронајдени околу 50 килограми марихуана – уапсени две лица

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈА: Во стан пронајдени околу 50 килограми марихуана – уапсени две лица

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, од Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК), во соработка со Одделението за апсење, спровеле голема полициска акција во Обреновац, при што биле запленети околу 50 килограми марихуана.

Во акцијата биле уапсени две лица, Л.Ј. (29) и Д.К. (32), поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес на стан и други простории во Обреновац, полициските службеници пронашле повеќе ПВЦ-пакувања со растителна материја за која постои сомнение дека е канабис. Вкупната тежина на пронајдената материја изнесувала околу 50 килограми.

Од акцијата е објавена и видеоснимка на која се гледа интервенцијата на полицијата и апсењето на осомничените.

На двајцата им е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.