Во СВР Скопје вчера биле поднесени две пријави за меѓусебен физички напад меѓу сопружници од скопски Карпош, кои се во бракоразводна постапка.
Според пријавеното, 48-годишен маж навел дека на 23 септември 2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од својата 41-годишна сопруга. Тој пријавил и дека жената оштетила дел од покуќнината во домот.
Од друга страна, 41-годишната жена во полиција пријавила дека и таа била физички нападната од својот 48-годишен сопруг.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.









