ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во Скопје

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик. Информацијата за апсењето е потврдена и од МВР. 

Според објавените информации, Кучи бил уапсен од косовската полиција во рамки на меѓународна акција поврзана со недозволена трговија со дрога на територијата на Косово. По него претходно биле распишани централна и меѓународна потерница. 

Кучи, заедно со И.С., е осомничен дека вечерта на 6 септември пукал кон група лица во Дуќанџик. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

По вториот осомничен сè уште се трага, а истрагата за случајот продолжува.