ПРВ.мк
Црна Хроника

ОДЕА НА КОНЦЕРТ, А СЕ СЛУЧИ ТРАГЕДИЈА: 40 години од несреќата што засекогаш ја промени „Црвена јабука“ -последните зборови на Зијо пред кобното патување и денес предизвикуваат морници

ОДЕА НА КОНЦЕРТ, А СЕ СЛУЧИ ТРАГЕДИЈА: 40 години од несреќата што засекогаш ја промени „Црвена јабука“ -последните зборови на Зијо пред кобното патување и денес предизвикуваат морници

На денешен ден, пред точно 40 години, се случила трагедијата што засекогаш ја променила историјата на една од најпознатите поп-рок групи од поранешна Југославија – „Црвена јабука“.

На 18 септември 1986 година, членовите на тогаш младиот сараевски бенд тргнале кон Мостар, каде требало да одржат концерт и да ја започнат својата прва голема турнеја.

Членовите на групата патувале со неколку автомобили. Во „фиќо“ биле басистот Аљоша Буха, фронтменот Дражен Ричл – Зијо и Златко Арсланагиќ. Во близина на Јабланица, на остра кривина, автомобилот преминал во спротивната коловозна лента и се судрил со камион.

Аљоша Буха го загубил животот на самото место, додека Дражен Ричл бил тешко повреден. Следувала 13-дневна борба за неговиот живот, но на 1 октомври 1986 година им подлегнал на повредите. Имал само 24 години.

Дражен Жериќ – Жера и Дарко Јелчиќ патувале со автомобил зад нив. Тие поминале покрај местото на несреќата и забележале толпа луѓе околу уништениот автомобил, но продолжиле кон Мостар, не знаејќи дека настрадале нивните колеги.

Концертот во Мостар, кој требало да биде почеток на големата турнеја на „Црвена јабука“, никогаш не бил одржан.

Години подоцна, мајката на Ричл, Елвира, открила детаљ од последните денови пред несреќата. Според нејзиното сведоштво, неколку дена пред трагедијата, додека разговарале за претстојната турнеја и новиот албум, Дражен рекол дека би сакал сето тоа да биде одложено. Таа подоцна раскажала дека таа негова реченица засекогаш ѝ останала во сеќавање.

По трагедијата, „Црвена јабука“ сепак продолжила да постои. Во чест на Ричл и Буха, останатите членови ги снимиле веќе подготвените песни, а во 1987 година бил објавен албумот „За све ове године“. Подоцна групата продолжила со работа и изградила повеќедецениска музичка кариера.