Трагична сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне во Охрид, во која животот го загубил 67-годишен жител на градот.
Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила околу 11:30 часот на улицата „15 Корпус“. И.Б. (67) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од здобиените повреди мажот починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
На местото бил извршен увид од екипа на СВР Охрид и јавен обвинител.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.








