ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО БАНКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Семејна расправија завршила со пријава во полиција

ДРАМА ВО БАНКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Семејна расправија завршила со пријава во полиција

Семејна расправија во експозитура на банка во центарот на Скопје прераснала во инцидент, откако 22-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од својата мајка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 септември во 21 часот во СВР Скопје.

Девојката навела дека истиот ден, околу 15 часот, додека се наоѓала во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината 53-годишна мајка М.Р. почнала агресивно да се однесува кон неа.

Според пријавата, мајката ја влечела и туркала својата ќерка, а воедно ѝ упатувала и закани.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.