ПРВ.мк
Македонија

СЕРАФИМОВСКИ СО ПОРАКА ДО ПЧЕЛАРИТЕ: Чесниот производител на вистински мед ќе биде заштитен

СЕРАФИМОВСКИ СО ПОРАКА ДО ПЧЕЛАРИТЕ: Чесниот производител на вистински мед ќе биде заштитен

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“, од каде порача дека државата ќе продолжи со мерки за заштита на домашното пчеларство и квалитетниот македонски мед.

Серафимовски истакна дека значењето на пчеларството е многу поголемо од самото производство на мед. Преку опрашувањето, пчелите имаат значајна улога во овоштарството, градинарството и поледелството, а нивната заштита е важна и за домашното производство на храна и за биолошката разновидност.

Според министерот, политиките во секторот ќе бидат насочени кон професионализација и модернизација на пчеларските стопанства, зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела, подобро искористување на пчелната паша и производство на производи со поголема додадена вредност.

Тој најави и засилување на контролите на квалитетот, надзорот над погрешно декларираните производи и мерките за заштита од нелојална конкуренција.

Серафимовски посочи дека македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ и на домашниот и на странските пазари, преку проверен квалитет, препознатливо потекло и современо пакување.

„Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде препознаен и заштитен“, порача Серафимовски, додавајќи дека грижата за пчелите е истовремено и грижа за иднината на македонското земјоделство.