Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка во скратена постапка против 46-годишен возач за сообраќајната несреќа на улицата „Радишанска“ во која животот го загуби 19-годишниот мотоциклист Никола Макрачевски. Тој се товарi за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице.
Според досегашните информации од истрагата, несреќата се случила на 7 август околу пладне, кога осомничениот управувал автомобил „сеат алтеа“ и свртел налево на крстосницата со улица „18“ без да ги пропушти возилата од спротивната насока. Со тоа го пресекол патот на мотоциклот „кавасаки“ управуван од Никола, кој се движел право. За да избегне директен судар, младиот мотоциклист свртел налево и преминал во спротивната лента, каде што директно удрил во автомобил „алфа ромео“.
Од силата на ударот, Никола излетал од моторот и починал од здобиените тешки телесни повреди, додека возачот на „алфа ромеото“ здобил полесни повреди. Наместо да им помогне на повредените, осомничениот го напуштил местото на несреќата.
Јавниот обвинител до судот поднесе предлог за утврдување мерки на претпазливост за осомничениот, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патна исправа и одземање на возачката дозвола. Иако првичните информации од МВР укажуваа само на судар меѓу мотоциклот и „алфа ромеото“, обвинителските детали ја откриваат клучната улога и на третото возило („сеат алтеа“) чиешто непрописно движење ја предизвикало тра
Извор: Скопје1.мк






