Вчера, 11 септември, во 08:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата на улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена велосипедистка.
Според информациите од МВР, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (72) од Прилеп, удрило во велосипедистката К.Д. (51), исто така од Прилеп.
По несреќата, велосипедистката била пренесена во Градската болница во Прилеп, каде лекар констатирал дека се здобила со тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.








