45-годишна жена од Врапчиште била донесена без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 23 септември во 21:45 часот во ОВР Гостивар.
Станува збор за Х.С., а според лекарскиот наод, на нејзиното тело немало видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина, каде треба да биде извршена обдукција.
Со обдукцијата треба да се утврдат околностите и причината за смртта.








