ПРВ.мк
Македонија

УШТЕ НЕКОЛКУ СЛОБОДНИ ДЕНОВИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Еве кога следуваат продолжените викенди!

УШТЕ НЕКОЛКУ СЛОБОДНИ ДЕНОВИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Еве кога следуваат продолжените викенди!

До крајот на 2026 година граѓаните ќе имаат уште неколку можности за одмор, благодарение на празниците кои носат дополнителни неработни денови и продолжени викенди.

Првиот таков период е во октомври. Денот на народното востание се одбележува на 11 октомври, кој оваа година се паѓа во недела. Согласно тоа, неработниот ден се префрла на понеделник, 12 октомври, со што граѓаните ќе добијат продолжен викенд.

Само десетина дена подоцна следува уште еден празник. На 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што ќе овозможи тридневен одмор.

Следниот неработен ден за сите граѓани е 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот Св. Климент Охридски.

Покрај неработните денови за сите граѓани, до крајот на годината има и празници кои се неработни за припадниците на католичката вероисповед.

За нив неработни ќе бидат:

  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ