На надзорните камери во Њам Њам Бокс Центар е снимен маж како зема пари од бакшишот наменет за вработените.
Според снимката, мажот приоѓа до местото каде што се остава бакшишот, зема пари, а потоа ги сокрива во својата облека.
Од Њам Њам Бокс Центар упатија апел парите да бидат вратени, нагласувајќи дека средствата од бакшишот се наменети за вработените, а не за клиентите.





